С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки известува дека во период од 25 до 29 Октомври 2021 година во рамки на твининг проектот „ Strengthening Budget Planning, Execution and Internal Control Functions“ се оствари работна посета на делегација од Државната комисија за контрола на постапките за јавни набавки на Република Хрватска. На истата се разменија мислења и искуства во однос на постапувањето во жалбената постапка, со назначување на интенцијата на подобрување на правната пракса во процесните дејствија на правна заштита.