Почитувани посетители,  

 

Добредојдовте на веб - страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, каде што можете да добиете информации за сите аспекти на правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набaвки во Република Македонија.

 

На нашата веб страница се наоѓаат корисни информации во врска со правната заштита, законската и под - законската регулатива на системот на јавни набавки, а може да се најдат и правна практика на Државната комисија, дневен преглед на пристигнати жалби во писарницата на Државната комисија и многу други корисни содржини и линкови.

 

Страницата се ажурира дневно, а со ажурирањето на постоечките податоци настојуваме да обезбедиме информации на едно место за сите заинтересни договорни органи обврзници за спроведување на Законот за јавни набавки, како и информации за приватниот сектор кој има статус на понудувач во системот на јавните набавки, со цел да се олесни спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки.

Државна комисија за жалби по јавни набавки  

Ве известуваме дека со формирањето на Државната комисија за жалби по јавни набавки започнува со примена Глава X – Правна заштита од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 136/07 и 130/08). Уплатните сметки на кои ќе биде потребно да се уплаќаат паричните средства по основ на административни такси како и за надоместокот за водење на постапка согласно член 229 од Законот за јавни набавки (Сл.Весник на РМ бр.36/07 и 130/08).

 

Паричните средства по основ на административни такси е потребно да се уплаќаат на уплатна сметка 840182 03161 административни такси во готови пари со приходна шифра 722313.

 

Паричните средства по основ на надоместок за водење на постапка е потребно да се уплаќаат на уплатана сметка 840182 06922 надомест за водење на жалбена постапка по јавни набавки со приходна шифра 724154

Поддршка за зајакнување на капацитетите на ДКЖЈН  

Државната комисија за жалби по јавни набавки беше корисник на Проектот за Зајакнување на капацитетот на Државната комисија за жалби по јавни набавки од IPA 2008 Програмата и истиот започна со реализација на 21.06.2011 година. За да се исполнат целите и задачите од Проектот, беше именуван и експерт кој ќе ги реализира сите предвидени активности од конкретниот Проект во текот на 2011 година. Со Проектот за Зајакнување на капацитетот на Државната комисија за жалби по јавни набавки од IPA 2008 Програмата беа планирани и определени мерки за зајакнување на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Низа на активности кои беа предвидени се реализираа во текот на 2011 година. Активностите не беа насочени само кон зајакнување на капацитетите на Државната комисија, туку и на зајакнување на самиот Систем за јавните набавки во нашата земја.

И З В Е С Т У В А Њ Е   

Скопје, 19 април 2012

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки ја заврши постапката за изготвување на печат на извршност на своите одлуки во однос на трошоците на жалбената постапка. Секој заинтересиран економски оператор кој успеал во жалбената постапка и на кој му се доделени трошоците на жалбената постапка, а истите не му се надоместени од договорниот орган во определениот рок, може да се обрати до Државната комисија за жалби по јавни набавки за добивање на печат на извршност. Клаузулата на извршност се однесува само на одлуката за трошоците наведени во одлуката на Државната комисија.

С О О П Ш Т Е Н И Е  

Скопје, 02 декември 2011

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки во периодот од 04 до 09 декември 2011 година е на студиска посета во Виена, Р.Австрија.

И З В Е С Т У В А Њ Е   

Државната комисија за жалби по јавни набавки ги известува сите економски оператори, договорни органи и останати заинтересирани странки дека прием на писмена во архивата ќе се врши секој работен ден од 09.00 часот до 15.30 часот.

И З В Е С Т У В А Њ Е  

Почитувани,

 

Државната комисија за жалби по јавни набавки Ве известува дека има нов поштенски фах
Вашите поднесоци може да ги доставувате на следната адреса:

 

Бул.Илинден бр.63 а П.фах 100 Скопје

СТРУЧНА РАБОТИЛНИЦА  

ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

- перспективен развој -

 

Почитувани,

 

На 18 февруари, 2010 година во хотел „Александар Палас“ Скопје се одржа Стручна работилница организирана од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки во соработка со СИГМА – која претставува заедничка иницијатива на Европската Унија и ОЕЦД, главно финансирана од ЕУ.

С О О П Ш Т Е Н И Е  

Скопје, 18 февруари 2010

Почитувани,

 

Презентациите кои беа тема на дискусија на Стручната работилница „Правна заштита во постапките за јавните набавки“ – перспективен развој- која се одржа во хотел „Александар Палас“ Скопје на 18.02.2010 година како и Прирачникот за правната заштита во постапките за јавните набавки на македонски и на англиски јазик, можат да се симнат тука
С О О П Ш Т Е Н И Е  

Скопје, 16 февруари 2010

Почитувани,

 

Ве информираме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки на ден 18 февруари 2010 година со почеток во 09.00 часот во Хотел Александар Палас ќе одржи Стручна работилница на тема „Правна заштита во постапките за јавни набавки“ – перспективен развој.

Syndicate content